Вчеравечер во 21.30 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, во атар на с.Ветуница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „харли дејвидсон“, со бугарски национални ознаки, управуван од В.А.А.(34) од Република Бугарија и патничко возило „сеат ибица“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од Н.Ц.(42) од Кратово.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.