Георги Бошнаков, кој со сопругата и двете ќерки загина вчера откако „цесната“ со која летале од Охрид кон Софија падна кај Солунска Глава, бил поранешен шеф на одделот за „Имплементација и одржување на информатики и технологии“ во рамки на бугарсата Агенција за регистрација, информираат бугарските медиуми.

Тој потоа започнал приватен бизнис и основал компанија за рециклирање на отпадоци.

Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера беше изгубен од радарскиот систем, се урнал кај Солунска глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираа за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.