Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли, на територијата на град Скопје изрекло вкупно 133 санкции од кои 63 за возење повеќе со брзина над дозволената, девет за возење под дејство на алкохол и три за минување на црвено светло.

Изречени се и девет санкции за возење без возачка дозвола, како и четири за користење мобилен телефон.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат – наведуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.