На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 199 казни, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќај, што ги спроведува Министерството за внатрешни работи. Од нив, 44 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, а 50 за непрописно паркирање.
Три санкции се изречени за возење под дејство на алкохол, а 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информираат од МВР, изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, шест за минување на црвено светло, пет за возач почетник, 11 за користењена мобилен телефон, 33 прекршоци што ги чинат пешаците, а 18 за возење без возачка дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.