При спроведена акциска контрола од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР на автопатот Куманово – Скопје, се казнети 89 возачи.
Како што информираат од МВР, од нив 24 управувале со возилата со брзина над 50 километри на час поголема од дозволената, а девет со дури над 70 километри на час поголема брзина.
Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.