Брзата интервенција на скопската противпожарна бригада спречи огнот, кој вечерва избувна во стан во познатата „Папагал-зграда“ во Скопје, да земе поголем замав.
Како што велат оттаму за „Република“ пожарот е веќе изгаснат благодарение на брзата интервенција на пожарникарите. Четири возила со десетина пожарникари сè уште се на терен и го расчистуваат теренот.
Причините за пожарот сè уште не можат со сигурност да ги потврдат, но според жителите на зградата, најверојатно, огнот бил предизвикан од плинска боца.
На пожарот му претходела силна експлозија што ги вознемири не само соседите, туку и граѓаните во поширок радиус.
Засега нема информација за повредени лица, но е причинета поголема материјална штета.
За време на интервенцијата, сообраќајот беше запрен на булеварот „Климент Охридски“, на чија раскрсница се наоѓа оваа шарена зграда во Центар.
Повеќе фото oд екипата на „Република“ која беше на терен тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.