Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен предлог против брат и сестра од Скопје, кои на 20 јануари годинава извршиле напад врз службено лице – полицаец.

Обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на 20 јануари во вечерните часови, нападнале и повредиле службено лице – полицаец кој извршувал работни задачи врз основа на наредба на подрачјето на полициските станици Бит Пазар и Чаир.

Притоа, полицискиот службеник заедно со уште еден негов колега се обиделе да го легитимираат обвинетиот, кој им кажал дека нема лични документи со себе и започнал вербална расправија со нив. Кога му било кажано дека ќе биде приведен во полициска станица со цел утврдување на неговиот идентитет, обвинетиот запонал да пружа активен отпор и се дал во бегство. Кога полицаецот го стигнал и го совладал, обвинетата се обидела да му помогне на својот брат, па му задала неколку удари и гребаници на полицискиот службеник. Во тој момент и обвинетиот повторно започнал да го удира полицаецот со тупаници по главата и градите, нанесувајќи му телесни повреди, се вели во соопштението од ОЈО.

Двете лица се товарат за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.