Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со СВР Охрид до Основното јавно Обвинителство Охрид поднел кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од МВР соопштуваат дека во периодот од јули до ноември годинава, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени докази.

На 25 ноември, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, полициските службеници од ОСОСК и СВР Охрид извршиле контрола на патничко возило „ренџ ровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што биле пронајдени денари и евра во различни апоени, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, по што лицата се лишени од слобода – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.