Дваесет и шетгодишен битолчанец кривично ќе одговара за поседување марихуана, а неговиот 29-годишен сограѓанин С.Е. пред Нова година бил фатен со петарди.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.П. (26) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 09.02.2018 во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Е. (29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“. На 30.12.2018 во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.