Бојан Јовановски во своето излагање се обрати кон обвинителката Вилма Рускоска. Истакна дека ова се прави лично против него, посегнувајќи по негови блиски и оти судот има двојни аршини.
Можам да зборувам што сакам, но онака како што решиле на почетокот така ќе биде. Таргетот сум јас, поради кршење на мене во обвинението е ставен и мојот татко кој не знаеше ништо за работењето на Меѓународниот сојуз. Ова е девијантно алкохолизирано обвинение, рече Боки, алудирајќи на она што претходно го кажа Рускоска дека делувањето на Сојузот е дело на девијантен ум.
Рускоска на тоа рече дека Боки е обвинет и може да зборува што сака па дури и лични навреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.