Во една од снимките кои денеска ги презентираше Обвинителството се гледа како Бојан Јовановски познат уште и како Боки 13 излегува од возило „Ренџ ровер” на улицата „Стрезовска”. Боки 13 влегува во куќата додека возилото ја напушта локацијата.

На улицата „Стрезовска” живееше поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која исто така е обвинета во овој случај. Јанева беше приведена токму од куќата на улицата „Стрезовска“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.