Абдоменалниот хирург Тони Јосифовски, кој го оперирал Бојан Јовановски, во неговото сведоштво на денешното рочиште за „Рекет“ рече дека пред и после зафатот имал чести средби со него.

На прашање на адвокатот Дукоски дали по операцијата му правел преврски на Боки во домот на Орце Камчев тој одговори потврдно.

Боки не сакаше да оди во болница. Преврски сум му правел и во неговиот дом, но еднаш и во домот на Камчев, рече хирургот.

Боки го праша дали му донел и торта на што тој рече да, но не и дека бил во друштво на Ана Камчева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.