Бојан Јовановски бара од судот да му биде доставена целата ватсап-комуникација.

Јас ги немам доказите од комуникацијата со Зоран Милевски. Не е извештачена комуникацијата со него. Мојот телефон е вештачен селективно. Приговарам за овој доказ, рече Боки.

Претходно на денешното рочиште за „Рекет“ беа читани повеќе комуникации од телефонот на обвинетиот Јовановски. Меѓу другите, објавени се и пораките помеѓу него и Зоран Заев, како и оние со адвокатот Васил Димишков и синот на Цветан Панделески, Дејан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.