Првоосомничениот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат во како Боки 13, вчера бил вратен од болницата „8-ми Септември“ во затворот во Шутка, потврдуваaт за „Република“ од затворот.
Бојан Јовановски е пуштен вчера од болницата „8-ми Септември“, сместен е на истото место каде и претходно , според тоа што е пуштен во текот на вчерашниот ден се надевам дека и здравстевената состојба му е подобра, иако се уште не сум го видел, изјави директорот на затворот Есад Рахич за „Република“.
Се уште не е познато дали денеска ќе биде донесена одлука по барањето на одбраната на Боки 13 да биде пуштен во домашен притвор, бидејќи дел од членовите на советот денеска имале редовно судење, велат од Апелацискиот суд.
За притворот на Боки 13 ќе се расправа на седница затворена за јавноста бидејќи одбраната на Боки 13 го повлече предлогот за јавна седница.
Јовановски беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Како што информираа од болницата, тој беше во добра општа состојба и здраствена кондиција и беше задржан за да се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.
Првото судење за Јовановски е закажано за утре, во Кривичниот суд во Скопје.
Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, се во домашен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.