Бојан Јовановски, уште познат и како Боки 13 утре повторно ќе биде донесен во Основното јавно обвинителство во 09:45 часот каде ќе дава свој исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта.
Како што веќе знае јавноста претходно додека Боки 13 беше во ОЈО и чекаше да биде сослушан лице непознато за адвокатот и од непознат број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент.
Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе треба да внимаваат на своите животи и животите на нивните семејства.
Инаку Бојан за време на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од Рекетот да се бараат кај браќата Заеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.