Првообвинетиот во случајот ,,Рекет“, Бојан Јовановски, денеска дојде кај обвинителката Вилма Руковска да направи увид во доказите против него, согласно законот.
Тој минатата недела одби да даде исказ пред да ги види доказите.
Боки 13, препознатлив по својата екстраваганција и гламур, но како што се покажа, со туѓи пари, пркосно се прошета во брендирана и модерна гардероба пред камерите,иако на рацете има лисици и е во придружба на полицајци.
Камерата на ТВ 21 го регистрираше овој момент.
Увид во доказите утре ќе направи и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која се наоѓа во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.