Бојан Јовановски познат како Боки 13 примил инфузија на Клиниката за торакална хирургија, но не е задржан во болница, потврди за „Плусинфо“ директорот на Клиниката за торакална хирургуја Неџати Јакупи.
Бојан Јовановски вторпат го примивме на преглед поради желудочни тегоби. Тој претходно имал операција на желудникот. Тој прими инфузија и ќе продолжи со испитувања на други клиники – изјави Јакупи.
Јовановски веќе втор месец е во притвор во затворот во Шутка. Тој е првоосомничен во аферата „Рекет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.