Апелацискиот суд денеска не ја разгледувал жалбата за притворот првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.

Од Апелацискиот суд за МИА, информираат дека денеска не е одлучувано по жалбата за притворот на Бојан Јовановски – Боки 13 и дека е можно да се состанат во среда.

Беше закажано за денеска, но тој го повлече предлогот за јавна седница и сега ќе се одлучува на затворена седница. Утре не, можно е во среда да се состанеме, информираат од Апелацискиот суд.

Бојан Јовановски во меѓувреме останува во притвор во КПУ Затвор-Скопје, каде што беше вратен по неколкудневна хоспитализација во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“ во кој заедно со Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски, кои се наоѓаат во домашен притвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.