На денешното рочиште на случајот Рекет сведочеше Христијан Баневски, поранешен новинар во 1 ТВ. Тој пред судот објасни за неговото искуство од работата во телевизијата како и за односот на Јовановски.
Тој посочи дека Јовановски често се мешал во уредувачката политика на вестите. Како пример го посочи прилогот во кој требало да се испитува квалитетот на флашираните води кои се продаваат во Македонија, но до тоа испитување и прилог за таков случај никогаш не дошло. Шокот следувал кога како спонзор на телевизијата се појавила Пелистсерка.
Ова беше школски пример за рекетирање – рече новинарот.
Сепак, она што ја прелило чашата е прилогот кој Јовановски инсисистирал да се направи за фирмата Адрија Велес. Кога Баневски му се јавил на сопственикот, овој му кажал дека се рекетарска телевизија. По средбата со Јовановски, сопственикот покажал желба за соработка. Тоа на Баневски му станало сомнително и побарал средба со Јовановски на која го прашал дали бизнисменот е рекетиран.
На тоа Јовановски ми одговори дека оваа телевизија од нешто мора да живее – објасни Баневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.