Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 ќе остане најдоцна до понеделник, втори декември во ГОБ „8 Септември“, соопшти директорот на болницата доц. д-р Христијан Костов.

Јовановски беше хоспитализиран во нашата установа од 26 до 29 ноември со упат издаден од докторот во ординацијата во КПВ Шуто Оризари. Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата останува се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања, рече д-р Костов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.