Предметот „Рекет“ е направен да се спаси Јордан Камчев, да се урне СЈО и Катица Јанева бидејќи им сметаше на власта и на опозицијата, рече Боки Јовановски на денешното рочиште на случајот „Рекет“.
За мене Катица е исклучително чесен човек, на кој јас како цивил како би можел да и кажувам што да прави. Таа беше толку затворена за информации, па повеќе информации добивав од Вилма Рускоска. Рускоска имаше голем амонизитет кон Јанева, кој се претвори во злосторство, а на крајот најверојатно и во казна. Рускоска беше таа која ми се јавуваше и бараше од мене да пратам новинар да снимам некој кој на неа ѝ бил одвратен. Овој систем е трул и ќе го откриеме вистинското лице на обвинителите и бизнисмените – рече Јовановски.
Боки 13 тврди дека никогаш не избришал ништо од мобилниот телефон, но ништо не е вештачено за да сето тоа излезе во јавноста.
Катица Јанева ја запознав во септември 2018 бидејќи ја побарав да гостува во 1ТВ, и имавме средба во СЈО, но ме одби. Баравме да ја каже животната приказна во емисијата “Лица”, на Кочишки, што мислевме дека ќе биде вистински потег. Тогаш ги видов фотографиите од нејзините деца, како и трагично починатиот сопруг. Така го видов и синот Лазар Јанев, за кој рече дека не е вработен правник. Тогаш понудив да дојде кај нас во правната служба да видиме дали ќе ги исполни нашите барања. По неколку дена ми јавија дека дошол во телевизијата и ние го вработивме, бидејќи како приватна фирма немаше конфликт на интереси. Јанев беше секојдевно во контакт со АМВУ, немаше ама баш никакви контакти со маркетингот – објасни Јовановски.
Тој ја опишува Јанева како исклучително чесна жена, народен човек, либерална, без предрасудби.
Не и сметаше мојата сексуална определба и со неа разговаравме и за мои љубовни работи, но никогаш не сме разговарале за професионалното во смисла јас да и кажувам што да работи и како. Ниту пак за Империја или други предмети, за кои јас тука во судницата дознав – кажа Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.