Во текот на вчерашниот ден полициски службеници го привеле О.А. (29) од Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К.Г. (33), дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул. „Жан Жорес“ со ул. „Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен.

При приведувањето О.А. физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Бабаи против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.