Две лица се повредени во несреќата што се случила вчера во 20.15 часот на крстосницата од ул. „Ѓорче Петров“ и ул.„Македонски војски“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(39) од Скопје, удрило во пешаците Д.К.(60) од Пехчево и малолетен пешак од Скопје.
Во незгодата Д.К. се здобила со тешки телесни повреди, а малолетникот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.