Се проверува дали фабриките кои произведуваат канабис во Македонија се придржуваат кон строгите безбедносни законски обврски, откако вчера беше откриена уште една кражба на произведена марихуана, овојпат во Крушево, рече на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Заев вели дека првпат слуша кој е инволциран, откако му беше поставено новинарско прашање дека според информациите на „Алсат“, еден од тројцата уапсени во вчерашната акција е близок роднина на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Сум информиран дека се случуваат вакви девијантни појави. Ова (Крушево) е втор таков случај. Веќе постапува комисијата за издавање на лиценци која направи детална контрола, покрај она што го прави МВР. Јас првпат слушам за кои луѓе се инволвирани. Впрочем, не е важно кои се инволвирани, ако се инволвирани тие треба да си одговараат без разлика кои се и со кого се поврзани, важни или неважни личности во државата, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.