Бизнисменот Томе Главчев рече дека против него СЈО води случај за предметот Поштенска банка. Тој на почетокот на сведочењето потврди дека е скаран со специјалната обвинителка Катица Јанева.
Газдата на компанијата „Ноел“ рече дека од страна на СЈО бил изживуван и имал трауми секогаш кога имал контакт со нив и со нивната надменост.
Кога имаше претрес во мојата куќа, се шетаа со шмајзери. Беше вознемирувачки, објасни Главчев.
За причините зошто е скаран со Јанева, нејзиниот адвокат не дозволи прашање, со што судијката се сложи. Потврди дека Ноел се рекламирал во 1 ТВ за да ја рекламира новата женска колекција од неговата компанија и така стапил во контакт со Јовановски.
Гллавчев посочи дека исказите во СЈО ги доживеал како изживување врз него.
Тоа што го доживував при исказите во Специјалното јавно обвинителството беше голема траума, изживување, изјави Главчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.