Полициски службеник од Битола е тешко повреден откако по грешка се застрелал.

Ккоа што соопшти МВР, вчера околу 09:40 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.