СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ј. (54) од Битола поради постоење оснвои на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

Во петокот во Битола полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле два пиштоли, од кои едниот „ЦЗ“ калибар 6, 35 милиметри, а другиот непозната марка со калибар 6,35 милиметри, две рамки и осум куршуми.

Судија на претходна постапка на А.Ј. му одредени мерка притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.