Во ОВР Кичево вчера во раните утрински часови е приведен и лишен од слобода Е.К.( 20) од Битола.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека за приведеното лице претходно е пријавено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, се обидел да изврши обљуба врз малолетничка од едно кичевско село.

По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе кривична пријава на приведениот според член 186 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.