Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При извршен преглед од службени лица на 11.3.2021 година, кај осомниченот била пронајдена наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 194 грама. Осомничениот кој се наоѓал на Меѓуградската автобуска станица во Скопје, дрогата спакувана во полиетиленска кеса ја носел со себе во патна торба – се наведува во соопштението од ОЈО.
Во насока на непречено одвивање на постапката, од ОЈО информираат дека, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднел Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.