Веќе 14-ти ден нема ни трага ни глас од Марија Брзакова од струмичко Босилово, која е бремена и мајка на тригодишно дете.

Таа во моментот на исчезнувањето била во вториот месец од бременоста, пишува на апелот за помош што е објавен на социјалните мрежи, што се споделува заедно со нејзината фотографија.

Ќерката ја бара мајката од 18 јануари. Молиме за помош, пишува во апелот од семејството под кој е оставен и телефонскиот број за контакт.

Сите што можат да помогнат со некаква информација тоа може да го сторат и на телефон или во најблиската полициска станица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.