Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје.

Имено, Н.И. на 13.04.2021, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д“ за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари, по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите.

Н.А. и А.А., пак, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 12.11.2019 година, го довеле во заблуда Г.Р., кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ имал оглас за продажба на моторно возило „фолксваген поло“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.