Mашки труп бил пронајден на пругата Велес – Градско. Телото било кај железничката станица „Згрополци“ и е најдено вчера во 18.45 часот. Машиновозач го забележал телото на мажот на пругата, информираат од велешката полиција.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по извршeниот увид утврдено е дека се работи за шеесет и двегодишен жител на Велес, М.О., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.