Вчера претпладне во СВР Скопје било пријавено дека во дом каде што се сместени бездомни лица на ул.„Перо Наков“, С.Т. (60) од Скопје – сместена во објектот како лице бездомник, влегла во административната просторијата во која биле тројца вработени, се однесувала агресивно и им се заканила дека ќе ги запали.

Според пријавеното, тие успеале да ја спречат и ја изнеле надвор од канцеларијата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.