Миле Паунов, сопственикот на изгорената куќа кај Варналиите во Велес, МВР го прогласи за починат, иако неговото тело не е пронајдено.
Во краткото соопштение објавено вчера попладне, во дневниот билтен МВР објави за пожарот, во кој до темел изгоре куќата на Паунови, заштитена од државата, а таа до неа на Маневи исто така заштитена како културно наследство е оштетена и невселива од огнот и водата со која се гаснел пожарот.
Од МВР соопштија дека петокот во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на улица Јован Алабаков настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.