Нoќеска околу полноќ, во Полициска канцеларија Пехчево бил приведен Б.К. (39) од Берово поради предизвикување општа опасност.

Тој пред угостителскиот објект во Пехчево со нож се заканувал кон присутните и истурил течност по инвентарот со намера да предизвика пожар, но бил спречен од полициски службеници.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.