Бугарската полиција во Софија го уапсила бегалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски.
Бугарската полиција нѐ извести дека денеска во Софија е приведен Игор Спасов по наша распишана меѓународна потерница, велат од МВР.
Спасов беше пуштен од затворот во Идризово во 2018 година со изговор дека е болен и треба да му се извршат две хируршки интервенции. Наместо да се врати во затвор, тој во бегство помина година и три месеци.
По апсењето од бугарската полиција, Спасов ќе биде во екстрадициски притвор, а македонското Министерство за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција.
Спасов, поранешен припадник на „Тигрите“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.