Р.О. од Авганистан, мигрант, е тешко повреден откако се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од Железничката станица Криволак кон Скопје.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 00:25 часот во Полициската станица Неготино.

Р.О. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.