Од паркиран автомобил, кој експлодирал, се расплалил огнот и во бараките на ЈП „Улици и патишта“, зад трговскиот центар Буњаковец во центарот на Скопје, изјави за „Сакам да кажам“ директорот на претпријатието Борис Настов.

За жал, пожарот се прошири низ сите бараки и сега тие се уништени. Чуварот интервенирал и повикал Пожарна, но оганот брзо се ширел. Во овие простории нема да може веќе да се работи. Се спремавме за снегот, а не изненади пожар, вели Настов, кој минатата недела беше назначен за в. д. директор на претпријатието.

Експлозијата, чадот и пожарот ги вознемирија жителите во овој дел на градот.

Во моментов пожарот уште не е целосно изгаснат, на терен се возила на Пожарната бригада на Град Скопје, а просторот е затворен за пристап. Командантот на скопската Пожарна Владимир Симоновски вели дека по добиената пријава интервенирано е со шест возила, а во моментов на терен е едно возило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.