Со вкрстено испрашување на вештите лица – балистичари, денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот „Монструм“.
На прашање од обвинетиот Фејзи Азири, вештаци од судска медицина и од МВР одговараа за пронајдените проектили во телата на убиените, како и за прострелните рани на жртвите.
Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.