Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  Владо Тасевски, информираат денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, додавајќи дека партијата во повеќе наврати реагира на безбедноста во Карпош и во Скопје.

Изборниот процес не е ни започнат, а видете што се случува. Веќе изразивме сомнеж дека криминалците се во коалиција и имаат поддршка од власта, а со синоќешниот инцидент станува очигледно дека преку насилство и инциденти власта се обидува да испрати порака на заплашување, рече во неговата изјава за медиуми, Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

Јаревски додаде дека криминалот станува пракса во Скопје, граѓаните не се чувствуваат повеќе безбедни, не поминува месец без запален автомобил, граѓаните се оштетени, а МВР не е способна да го одржи јавниот ред и мир.

Во повеќе наврати опоменувавме дека криминалот во Карпош е во подем. Минатата година во само 3 квартала имаше 750 извршени кривични дела, провални кражби, грабежи и разбојништва, а расветлени од непознат сторител 0, ниту едно, нашите сограѓани веќе се несигурни и на улица и дома, вели Јаревски.

Тој побара итно расветлување на овој случај, бидејќи во спротивно само ќе се потврдат нивните сомнежи дека се работи за политички мотивиран случај во организација на власта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.