Вчера околу 10.35 часот на улица „Борис Кидрич“ во Кичево во месноста Стар Лопушник, се случил пожар во патничко моторно возило со кичевски регистарски ознаки во движење.

Возилото било управувано од Е.М.(63) од Кичево.

По дојавата за пожар во моторно возило интервениравме на самото место со едно возило и пожарот целосно го ликвидиравме. Нашите проценки велат дека при овој пожар причинета е материјална штета од околу 20.000 денари, а реалниот износ на штетата ќе ја потврди осигурителната компанија каде што е осигурано возилото – соопшти командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.