Во несекојдневна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице е повредено, а усмртен е еден коњ.

Според СВР Тетово, вчера околу 19:20 часот, на делницата од наплатната станица Гостивар до Здуњска крстосница, патничко возило „ауди А6“ со австриски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(44) од гостиварско Беловиште, удрило коњ кој неконтролирано и без надзор се движел по коловозот.

Од ударот, коњот бил усмртен на самото место, а возачот Ј.В. со друго возило пренесен е во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.