78-годишна жена е тешко повредена откако автомобил со бугарски регистарски ознаки удрил во неа на булеварот „Партизански одреди“. Не е познато кој управувал со возилото бидејќи возачот избегал од местото на настанот.

На 03.08.2019 во 10,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ патничко моторно возило „Форд галакси“ со бугарски национални ознаки удрило во пешакот В.Д.(78), по што го напуштило местото на настанот. В.Д. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот – соопштија од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.