Жена пешак со тешки телесни повреди била префрлена на Килника откако претходно во неа удрил автомобил.
„На 20.09.2019 во 10.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје“велат од МВР.
Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопјe.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.