Возач бил тешко повреден кога со автомобилот што го управувал излетал од патот и паднал во одводен канал, вчера во близина на Прилеп.
Според полицијата, сообраќајката се случила на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, кај железничката станица Браилово.
Автомобил патничко возило „форд галакси” без регистарски ознаки, управуван од Д.В.(45) од селото Сенокос, изгубил контрола и паднал во одводниот канал.
Д.В. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп.
Увид извршила екипа од ПС Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.