Вчеравечер во 20.20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Врбјани, патничко возило „опел синтра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од Струга, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди се здобила А.С., по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.