Вчера во 12,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, во атарот на с.Варвара, патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.К.(54) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело.
Д.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди – информираат од МВР.
Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.