На 20.09.2020 околу 01.15 часот на автопат кај Северна обиколница на Скопје, помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново, патничко возило „форд фокус“, со германски национални ознаки, управувано од З.Р.(28) од Охрид излетало од коловозот.

По незгодата, возачот и сопатниците Д.Р.(30) од с.Лешани, охридско, В.М.(29) и Б.Р.(27), и двајцата од Македонски Брод, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај сопатниците Д.Р., В.М. и Б.Р. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај З.Р. телесни повреди, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.