Запалено возило денеска околу 15:00 часот предизвика краток прекин во сообраќајот на патниот правец Делчево – Македонска Каменица пред село Луковица. Очевидци информираа за голем пламен што можел да се забележи во околината на запаленото возило.

Несреќата ја забележавме додека возевме во правец од Македонска Каменица кон Делчево. Возилото од марката Ауди 80 целосно беше во пламен се наоѓаше на десната страна од коловозната лента, додека возачот и патниците беа надвор од автомобилот, информираа очевидци.

Како што додаваат, надвор од возилото имало вкупно четири лица кои разговарале на телефон и најверојатно барале помош истото да биде отстрането од коловозот.

Од Територијалната противпожарна и полицијата во М.Каменица информираат дека случајот не е пријавен кај нивните дежурни екипи кои денес биле на работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.