Се повторува историјата на преоптоварените автобуси. Автобус на “Еуро турист” – Гостивар, денеска повторно качил 15 патници повеќе од дозволениот број, кои патуваа од Скопје за Гостивар, пренесува „Порталб.мк.“

Според „Порталб.мк“, автобусот бил сопрен од полицијата во населбата Ѓорче Петров во Скопје и по инспекцијата која траела околу 20 минути, вишокот патници биле принудени да се симнат, а полицијата побарала од компанијата да прати друг автобус.

По околу половина час пристигнал друг автобус на истата компанија, ги земал патниците кои биле симнати и се упатил кон Тетово.

За сличен случај, „Порталб“ извести пред само еден месец со истата превозна компанија која само два дена по известувањето беше санкционирана од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.